Ета Нг Чок Лам (19), ќерката на легендарниот актер Џеки Чен (64), се ожени за својата девојка Ани Аутумн (31), со која е во врска од 2017 година.
Веста дека се во брак ја објавија преку социјалните мрежи.
„Сите некогаш сме биле повредени, но доколку можете да сонувате за љубов, тогаш можете и да ја најдете. Љубовта е љубезна, не осудува, љубовта е сила и слабост. Љубовта прави промени. Љубовта победува“, напиша Ета и објави фотографија.
Ета и Ени се венчале во Канада, а живеат во Хонг Конг. Инаку, Ета е единствена ќерка на Џеки Чен која прославениот актер ја доби со поранешната мисица Елаин Нг Ји, со која имал кратка афера.