Четириесет и двегодишната жена од Иркутск, Русија, останала без 13.000 евра оти поверувала дека му се допаѓа на актерот Крис Хемсворт и дека му дава пари за да дојде да ја види, пишува „Сибериан тајмс“. Мајката на две деца на „Фејсбук“ добивала пораки од човек кој се претставил како Крис Хемсворт, познатиот холивудски актер, кој ја убедил да подигне кредит 13.000 евра и да му ги даде парите. Тој ѝ кажал дека му требаат пари за да го паркираа својот приватен авион на локалниот аеродром во Иркутск за да може да ја види, оти сака да има врска со неа.
„Јас не сум негов фан, но тој е многу убав човек. На интернет прочитав дека тој е оженет и има три деца. Помислив дека сме во иста ситуација. Во брак, но осамени”, изјавила таа за локалните медиуми.
Таа додала дека откако ги зела парите ѝ се јавил маж кој ѝ се претставил како адвокат на актерот и дека со него се договорила околу деталите за исплатата.
„Ми рече дека Крис е во неволја и дека треба да му уплатам пари за кредитна картичка, осигурување и паркинг на авионот. Како гаранција дека ќе ми ги врати парите ми испрати копија од неговата возачка дозвола“, додала таа.
Откако ги уплатила парите на сметка, измамникот го избришал лажниот профил од кој ѝ пишувал. Русинката случајот го пријавила во полиција.