На францускиот актер Жерар Депардје не му беше одредена мерка притвор врз основ на обвинувањата за силување млада актерка во неговиот стан во Париз.
Како што пренесува „Дејли мејл“, од канцеларијата на јавниот обвинител на Париз била отворена прелиминарна истрага за наводите против Депардје, по жалбата поднесена во понеделникот во јужниот дел на Екс ан Прованс.
Депардје, кој во август годинава беше обвинет за сексуално вознемирување, бил само сослушан во полиција, а потоа пуштен на слобода. Засега службите не го откриваат идентитетот на младата девојка.
„Жерар Депардје апсолутно негира каков било напад и силување“, изјавил неговиот адвокат Ерве Темин за „Франс прес“ и додал дека е убеден дека ќе ја потврди невиноста на неговиот клиент.