Принцезата Мери од Данска деновиве е во посета на Кенија, Африка. Таа освен што имаше работни обврски, времето го искористи и за забава, па танцуваше со децата од Кенија. Таа носеше едноставна гардероба и патики на нозете, по што социјалните медиуми уште еднаш ја нарекоа „најголемата и најскромна принцеза во Европа“.
Принцезата Мери е позната по тоа што сака да живее нормален живот, па често со велосипед ги вози децата на училиште, дури и кога врне снег, а знае да искомбинира и патики со елегантен фустан.