Македонскиот бенд „Марлон Брандо“ го објави видеото за најновата песна „Дај ми да пијам“. Песната, чиј целосен автор е актерот и музичар Кирил Трајковски – Максим, е своевидна сатира за денешницата во Македонија. Аранжманот за песната го направи Александар Кипровски, а видеото го сними продукцијата „Зона М1“. Во новата песна на „Марлон Брандо“ гостува и трикратниот првак на хармоника Мишел Трајковски.
„Дај ми да пијам“, според најавата на момците од бендот е последната песна од првиот албум на „Марлон Брандо“, а кој ќе биде промовиран наскоро.