На 12-ти септември 1953 година се случи свадбата за која се зборувало шест децении подоцна. Тоа е денот кога Жаклин Бувие и Џон Ф. Кенеди ја крунислеа својата љубов со брак пред 600 дипломати, сенатори, припадници на државната елита, како и уште 300 гости, членови на семејството, пријатели.
Во 1953 година сопругата на Џон Ф. Кенеди, Џеклин Кенеди, и задала задача на модната дизајнерка Ен Лоу да и направи венчаница. Но, на 10 дена пред венчавката се случила несреќа во студиото на Лоу на авенијата Медисон. Една од водоводните цевки се скршила, по што биле уништени 10 невестински фустани, вклучувајќи го и тој н Џеки, за кој биле потребни два месеци да се направи. Ен морала брзо да реагира, па веднаш купила материјал и со своите вработени ги изработила фустаните одново. За среќа, успеваат да го направат невозможното и на само ден пред венчавката, Ен седнува на воз до Њупорт да ја врачи лично венчаницата.
Џорџ Буш постариот кој неодамна почина, ја запознал својата сопруга Барбара Пирс во 1941 година во време кога биле тинејџери. Двојката се оженила во 1945 година во Првата пресвитеријанска црква во Њујорк. Барбара го носела венчалниот превез кој и го подарила мајката на Џорџ Буш.
Лора Лејн Велч се омажила со Џорџ Буш помладиот на 5. ноември во 1977 година во црква во Мидленд, Тексас. Со Џорџ се запознале за време на една скара која ја направиле нивни пријатели, а се земале само три месеци подоцна. Буш од 1995 година до 2000 година беше гувернер на Тексас, а стана претседател на САД во 2001 година
За разлика од нејзината мајка, Лаура не се одлучила за традиционална фенси-свадбена наметка. Наместо тоа, таа носела едноставна бела ткаенина.
Хилари Клинтон се запознала со својот сопруг Бил Клинтон, за време на Правниот факултет во Јеил во 1971 година. Тој прв и пришол додека биле двајцата во една библиотека и се претставил.
По три години двојката се венчале. Бил Клинтон сакал голема свадба, додека Хилари не била толку заинтересирана за прославата. Не ѝ бил важен дури ни венчалниот прстен.
Венчавката била направена во кругот на семејството и блиски пријатели во нивната дневна соба, а Хилари немала венчален фустан ниту на денот пред прославата.
Исто како и Бил и Хилари Клинтон правото било тоа кое што ги споило Барак со Мишел Обама. Двојката се запознала додека работеле во адвокатска фирма во Чикаго. Барак ја убедил Мишел да имаат состанок во 1989 година. Три години подоцна се венчале. Мишел се одлучила за бел фустан со зашиени ракави на рамениците.
Меланија Трамп се омажила за Доналд во 2005 година. Таа се одлучила за фустан од „Диор“ кој чинел меѓу 100.000 и 200.000 доари. Фустанот покрај тоа што бик скап, бил и многу голем и тежок. Блиски пријатели ја советувале да изеде голем оброк пред да го облече, за да има сила да ја издржи тежината на ткаенината. Биле искористени 1500 бисери и кристали. Меланија не можела да седне на стол додека го носела овој фустан.
Според „Вог“ на луѓето од „Диор“ им биле потребни 550 часа за да го направат фустанот на Мелнија. Венчаницата била долга 13 метри, а превезот 16 метри. Вкупно фустанот тежел 60 килограми. Меланија не можела да го носи овој фустан за време на приемот.
Наместо тој, откако си ги размениле свадбените завети, Меланија ја облекла втората венчаница од Вера Ванг.