(Фото) Кејт Мидлтон облече миди фустан со карирана шара
07/12/2018
Иако модните критичари и замеруваат што нејзините комбинации понекогаш се премногу конзервативни, принцезата Кејт Мидлтон овој пат воодушеви со својот празничен стајлинг.
Војвотката од Кембриџ заедно со сопругот принцот Вилијам организирала божиќно дружење со семејствата на војниците кои божиќните празници нема да ги минат дома со своите најблиски.
Кејт за овој свечен момент одбрала миди фустан со карирана шара кој го комбинирала со црни длабоки чизми и џемпер. Шминката и фризурата како и досега ѝ биле префинети и дискретни.