Амал и Џорџ Клуни својот приватен живот го држат подалеку од јавноста, а своите близнаци речиси и никогаш не ги покажале. Сепак, синоќа Амал се појави со Ела и Александар.
40 годишната Амал Клуни, сопругата на Џорџ Клуни кои многумина ја сметаат за супер жена и поголема фраерка од нејзиниот сопруг.
Иако парот често се појавува заедно во јавноста, своите деца ги кријат. Амал направи исклучок. И додека Ела беше љубопитна за блицевите од многубројните фотоапарати, нејзиниот брат не беше толку воодушевен со гужвата и хистеријата која настана поради нив.
Парот одби било каква семејна фотосесија за магазин, бидејќи веќе се изјасниле дека сакаат нивните деца да растат подалеку од очите на јавноста. .