(Видео) Колинда не ја бива за пеење

Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, повторно запеа и заигра со високо кренати раце, пишува порталот ЦДМ. Нејзиното пеење стана цел на потсмев на социјалните мрежи. Хрватите велат дека Колинда не ја бива за пеење и коментираат „Отвори се земјо“. Други, пак, се шегуваат дека таа може да пее на „Евровизија“ догодина.

Колинда не е едиствената политичарка во регионот што сака да пее. Во јавноста честопати пеат и претседавачот со претседателството во Босна и Херцеговина, Милорад Додиќ, и српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Scroll to Top