Леонардо ди Каприо мора да го врати Оскарот

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо ќе мора да го врати Оскарот што пред неколку години го добил на подарок од малезискиот бизнисмен Џо Лоу. Оскарот му припаѓал на Марлон Брандо, а бизнисменот го купил на аукција за 600 000 долари. Освен статуетката што му припаѓала на Брандо, холивудскиот актер добил и други подароци од бизнисменот, вклучувајќи и слика од Пабло Пикасо и колаж од Жан Мишел Баскија.

Според „Њујорк тајмс“, малезискиот бизнисмен е обвинет заедно со поранешниот премиер на Малезија, Најиб Резак, за злоупотреба од милијарда долари. Познатиот весник пишува дека ​Лоу е во бегство, а наводно се крие во Кина, заштитен од тамошните власти.

Scroll to Top