Турска актерка му прости на момчето иако ја оставил пред олтар

Турската актерка Асли Енвер му простила на своето момче Мурат Боз, и покрај тоа што тој ја оставил пред венчавката. Асил позната од серијата „Истанбулска невеста“, одлучила да му даде втора шанса на колегата.

Двојката се запознала за време на снимањето на филмот „Брате мој“, а по долгогодишна врска, решиле да се венчаат. Сепак по само неколку месеци, Мурат ја оставил ѝ побегнал во Мајами. Го променил бројот на мобилниот. Мурат вели дека се решил на ваков чекор за да избега од нејзините љубоморни испади.

Мурат изјавил дека Асли била неподнослива.

„Вестите за разделбата беа вистина. Но, мене Асли ми е многу драга. За нас се зборуваше и пишуваше се и сешто. Но, сметам дека тие работи трба да останат меѓу нас двајцата“, изјавил Боз за време на едно од своите снимања.

Актерката Асли не сакала премногу да зборува во јавноста за нејзиниот љубовен живот. Мурат сега наводно се покајал поради тоа што го направил, а Асли се одлучила да му даде втора шанса.

Како што пренесуваат турските медиуми, двојката повторно почнала со вечерните излегувања, но засега нема ништо околу нивниот втор обид да се венчаат.

 

 

Scroll to Top