Ако кралицата Елизабета не ѝ ја одзела титулата, Дајана ќе останела жива

Принцезата Дајана веројатно ќе останела жива, доколку британската кралица Елизабета II не ѝ ја одзела титулата на Нејзино височество. Ова го тврдат теоретичари, кои сметаат дека ваквата титула на Дајана ќе ѝ обезбедела 24 часовен надзор и поголема безбедност на местата каде таа се движела, вклучувајќи ги нејзините патувања.

Принцезата Дајана го загуби својот живот во сообраќајна несреќа во Париз пред 21 година. Многумина велат дека несреќата немало да се случи, ако принцезата имала обезбедување кое следува со титулата Нејзино височество.

Кралицата ѝ ја одземала титулата на Дајана, откако се развела од нејзиниот син принцот Чарлс. Бракот меѓу Чарлс и Дајана, познавачите на семејството во кралската палата велат дека бил на климави нозе цели 21 година.

Во 1996 година, кралицата го известила парламентот дека принцот од Велс и Дајана се разведуваат ѝ дека ќе направи се за нивните синови пораснат ѝ добијат еднаков третман и внимание од двајцата родители.

Дајана по разводот ги добила на користење дел од Кенсингтонската палата, 17 милиони фунти ѝ слободата која многу ја посакувала. Но, кралицата Елизабета втора ѝ ја одземала титулата Нејзино височество. Дајана останала само принцезата од Велс. Тоа значело пониско рангирано племство. На Дајана никој не морал да ѝ се поклонува.

Ги изгубила сите бенефиции кои ги носи титулата Нејзино височество. Во јавноста во тој период се појавија шпекулации дека нејзиниот син принцот Вилијам ѝ ветил на Дајана дека ќе ѝ ја врати титулата, во првиот момент кога тој ќе стане крал.

Иако тогаш се чинело дека губењето на титулата Нејзино височество, на Дајана ѝ донела само слобода, сепак се покажало дека не е така, велат теоретичарите. Некои сметаат дека оваа титула можела да ѝ го спаси животот.

Членовите на кралското семејство кои ја имаат оваа титула, имаат најдобро можно обезбедување 24 часа. Теоретичарите велат дека таковото обезбедување можело да ја избегне несреќата, во која пијан возач ја усмрти Дајана на 31 август 1997 година.

 

Scroll to Top