Џенифер Лопез ќе мора да плати казна од 150.000 долари, затоа што ги прекршила авторските права објавувајќи нејзина фотографија направена од професионалниот фотограф Мајкл Стјуарт.
Пејачката на својот Инстаграм профил на „стори“ ја објавила фотографија која ја направил Мајкл. Тој ја сликал пејачката во јуни годинава, а потоа фотографијата ја заштитил.
Мајкл ѝ замерил на Лопез ѝ на нејзиниот тим, затоа што без дозвола ја искористиле неговата фотографија, па сега сака да си го наплати својот труд.