Специјалисти хирурзи му дозволиле на познатиот јужноафрикански џез-музичар Муса Манзини да свири на гитара додека лежи на операциската маса, а тие му го оперираат мозокот, пишува „Би-би-си“.
Муса, кој е познат мултиинструменталист и професор на факултет, за време на шестчасовната операција бил оставен делумно буден затоа што лекарите сакале да му ја зачуваат можноста да ги мрда прстите. Ваквата одлука била донесена едногласно од страна на лекарите, кои претходно ја имале земено предвид неговата музичка кариера.
Операцијата е изведна во болницата „Чиф Алберт Литули“ во градот Дурбан, Јужноафриканска Република. На видеоснимката може да се забележи како медицинскиот персонал ја изведува операцијата, а истовремено Манзини правни лесни потези со прстите на жиците на гитарата.