Американскиот астронаут Вилијам Андерс вели дека пред точно 50 години додека бил на Месечината, на 24 декември 1969 година, Земјата му се видела мала и безначајна.
Андерс ја направил една од најважните фотографии во историјата на човештвото за време на мисијата „Аполо 8“. Астронаутот ја насочил камерата кон Земјата и успеал да ја сними како таа изгледа од Земјиниот сателит.
„Се работи за исклучително важна фотографија која на човештото му овозможила за првпат во историјата да ја види нашата планета од голема оддалеченост“, вели Андерс.
Луѓето за првпат имаа можност да ја видат Земјата од далечина. Фотографијата е наречена Earthrise, односно „Излез на Земјата“. Според Вилијам, таа изгледала како жив организам во темната бесконечност. Вилијам вели дека му изгледала мошне ранлива и со ограничени ресурси.
„Фотографијата кај многумина луѓе предизвика чувство на безначајност. Таа за нас, човештвото, е посебна, затоа што се работи за планета на која ние живееме, но всушност станува збор за тело кое претставува едно од речиси бесконечниот број слични на неа небесни тела“, изјавил Вилијам.
„Оваа голема самотија предизвикува стравопочит и поради неа ви станува јасно што точно имаме на Земјата и колку е таа значајна за нас“, изјавил колегата на Вилијам, астронаутот Џим Лавел, кој го изведувал преносот, за време на мисијата „Аполо 8“.