Поп-ѕвездата Калиопи во стилот на бабамразица, со црвена капа, им го честиташе Божик на сите католици. „Среќен и благословен Божик“, напиша поп-дивата на сликата што ја објави на инстаграм-профилот. Нејзините пријатели ѝ се заблагодарија за честитката, но ѝ побараа да им даде и подарок – нова песна.
Пејачката од поодамна нема снимено песна на македонски. Таа скоро промовираше нова песна на српски јазик, а изминатиов период одржа неколку концерти во повеќе градови во Србија и Хрватска.
На своите профили на социјалните мрежи често објавува приватни слики и видеа, а неодамна го привлече вниманието на твитерџиите со видео снимено на пат низ Македонија, кога, како што рекоа тие „Калиопи баш се изглупира“.