Европските метрополи како Лондон, Париз и Берлин изминатата ноќ ја дочекаа Новата година со големи магични огнномети. Градските власти поради можноста за немири ги засилија и безбедносните мерки на улиците.
Британците Новата година ја дочекаа со традиционалниот звук на Биг Бен, иако часовникот беше угаснат веќе година дена поради градежните активности на обнова на кулата, пренесува агенцијата Асошијетед Пресс.
London’s Big Ben rings in the New Year as fireworks light up the sky https://t.co/wlauAHNgft
— Reuters Top News (@Reuters) December 31, 2018
Парижани и туристите во француската метропола се собраа на Авенијата Елисејски полиња за да ја прослават новогодишната ноќ. Поради нередите на „жолтите елеци“, властите превземале силни мерки на безбедност.
Антивладиниот проект „жолти елеци“, претходно ги повика луѓето на социјалните мрежи да им се приклучат на празничните демонстрации во оваа авенија.
Paris rings in 2019. pic.twitter.com/GaaEdt1czL
— NBC News (@NBCNews) December 31, 2018
Министерот за внатрешни работи на Франција, претходно изјави дека високо безбедносните мерки се неопходни поради високата закана од тероризам и непрогласените протести.