(Видео) Како се славеше Новата година низ европските метрополи

Европските метрополи како Лондон, Париз и Берлин изминатата ноќ ја дочекаа Новата година со големи магични огнномети. Градските власти поради можноста за немири ги засилија и безбедносните мерки на улиците.

Британците Новата година ја дочекаа со традиционалниот звук на Биг Бен, иако часовникот беше угаснат веќе година дена поради градежните активности на обнова на кулата, пренесува агенцијата Асошијетед Пресс.

Парижани и туристите во француската метропола се собраа на Авенијата Елисејски полиња  за да ја прослават новогодишната ноќ. Поради нередите на „жолтите елеци“, властите превземале силни мерки на безбедност.

Антивладиниот проект „жолти елеци“, претходно ги повика луѓето на социјалните мрежи да им се приклучат на празничните демонстрации во оваа авенија.

Министерот за внатрешни работи на Франција, претходно изјави дека високо безбедносните мерки се неопходни поради високата закана од тероризам и непрогласените протести.

Францускиот претседател Емануел Макрон одржал традиционален новогодишен говори и кратко ги изнесе приоритетте за 2019 година.
Пред Брандербуршката капија се собраа десетина илјади луѓе на одбележување на влезот во Новата година. Исто така се превземаа силни мерки на безбедности. Ангажирани биле 1300 припадници на полицијата распоредени ширум германската престолнина.

До полноќ, според наводите на берлинската полиција имало помалку инциденти во однос на 2018 година, наведува Асошијетед Пресс.

Scroll to Top