Џејсон Момоа е најубавиот маж во 2018 година

Ѕвездата од филмот „Аквамен“, Џејсон Момоа е прогласен за најубав маж во светот за 2018 година според листата која ја составиле од TC Candler. Веднаш зад него се најде Јунгкук, пејачот од јужнокорејскиот бенд BTS.

Третото место беше загарантирано за британскиот актер Идрис Елба, додека на четвртот се најде познатиот јутјубер Феликс Шелберг. На изненадување за многумина на последното место на оваа листа се најде Леонардо ди Каприо.

Триесет и деветгодишниот Момоа е оженет со Лиса Бонет (51) уште во 2005 година. Со неа Момоа има две деца, 11 годишната ќерка Лола и деветгодишниот син Накоа Вулф.

Според изборот на TC Candler најубава девојка за минатата година е француската манекенка Тилен Блондо. Ова прогласување за најубави личности започна во 1990 година. Истото се темели на предлозите дојдени од јавноста.

Освет тоа, организаторите се фалат дека станува збор за „најразнолики избори“. Видеата со победниците се прегледани два милиони пати за само два дена.

 

 

Scroll to Top