(Видео) Почина најстарата жена во САД

Леси Браун од Охајо е жената која почина денес како најстарата личност во САД. Леси починала на 114 години, вели нејзиниот внук Роналд Вилсон.

Членовите на нејзиното семејство велат дека нејзиниот долготраен живот се должи на диетата на која Леси често се придржувала. Американката била позната како жена која обожава слатки компири.

Браун е родена во 1904 година, во Џорџија, а пораснала на фарма. Се преселила во Кливленд кога имала 18 години, а подоцна со сопругот добиле пет деца.

Леси станала најстарата личност во САД, откако на 9 мај 2018 година починала 114=-одишната Делфина Гибсон од Хантингтон во Пенсилванија, пишуваат американските агенции.

 

Scroll to Top