Холивудската глумица Дајан Кругер, позната по улогата на Елена во филмот „Троја“, преку социјалните мрежи побара папараците да ги остават неа и нејзиното бебе на мир. 42-годишната глумица вели дека не сака тие да го сликаат бебето без нејзина согласност и да објавуваат нејзини фотографии.
„Драги фанови, нефанови, папараци и луѓе со мала совест. Забележавме дека папараци ме сликаат со мојата ќерка. Овие фотографии беа снимени без моја согласност, а моето беспомошно и невино бебе беше изложено на јавноста. Сфаќам дека некои луѓе сакаат да ја видат нашата ќерка, но како родители, ние најмногу сакаме да расте со сигурност и да има личен неприкосновен простор. Заедно со Норман, љубезно ве замолуваме да не ги споделувате фотографиите што веќе ги објавиле некои медиуми и да ни помогнете да ја оствариме нашата цел. Ги молам оние кои ги поставија сликите да ги тргнат. Ставете се на нашето место. Ние сме како и сите други родители кои го сакаат најдоброто за своето дете. Ви благодариме за вашата поддршка“, напиша таа на социјалните мрежи.
За бебето на Кругер единствено се знае дека е девојче, а други информации нема. Татко на девојчето е Норман Рид. Двојката е заедно од 2015 година.