Сузан Бојл, која се прослави во 2009 година со учеството во талент шоуто „Британија има талент“, призна дека првпат фатила момче на 53 години, дури откако настапила во шоуто. „Очајната домаќинка“, како што ја нарекуваа и медиумите и јавноста, за кратко време ја прекинала врската, оти фотографи ги следеле на секој чекор, а таа не можела да се избори со притисокот. Десет години подоцна, таа во интервју за шкотското издание на „Хелоу“ откри дека веќе година ипол е во врска со доктор од Америка, кој исто како и таа има 63 години и дека врската е сериозна.
„Бојл денес изгледа многу помладо отколку пред десет години“, пишува магазинот. Пее многу ретко, кога е расположена за тоа. Таа по победата во „Британија има талент“ пееше за Барак Обама, пред британската кралица и пред Папата. Се проценува дека нејзиното богатство е 33 милиони долари, иако не е музички активна.