Светски познатиот виолончелист, Лука Шулиќ од „Ту челос“ и неговата сопруга Тамара за неколку месеци ќе станат родители. Двојката, која веќе го има синот Вал, го очекува второто дете. Веста за бременоста на Тамара, ја потврди Лука за хрватските медиуми. „Дознавме пред празниците, а на Божик веста прво им ја кажавме на нашите родители“, рекол тој.
Лука и Тамара се запознале 2015 година во родниот Марибор. Низ разговор сфатиле дека како деца живееле на иста улица, но дека тогаш не се знаеле. Двојката се венча 2017 година во Словенија, а синот Вал се роди неколку месеци потоа.