Холивудскиот глумец Крис Прат ќе се жени со Кетрин, најстарата ќерка на Арнолд Шварценегер. Веста за свршувачката Прат ја објави на „Инстраграм“.
„Слатка Кетрин, толку сум среќен што кажа да. Возбуден сум што ќе се оженам со тебе“, напиша 39-годишниот глумец кој се прослави со филмовите „Чувари на галаксијата“ и „Светот на Јура“.
Прат и 29-годишната Кетрин ја почнаа врската пред неполна година, веднаш по неговиот развод со актерката и комичарка Ана Фарис. Прат и Фарис беа во брак девет години и го имаат синот Џек.