Луксузната куќа на семејството Керингтон, од американската хит-серија „Династија“ се продава за 20 милиони долари. Куќата „Арден вила“ се наоѓа во Калифорнија, а во серијата беше претставена како куќа во Тексас. Изградена е во 1913 година, а има 10 спални, 11 купатила, винарница, соба за игри, базен и тениски терен.
Една од најпопуларните куќи во филмската индустрија се прикажуваше на ТВ-екраните девет години, од 1981 до 1989 година. Главните актери во серијата се стекнаа со светска слава, а самата серија во 1983 година доби „Златен глобус“ за најдобра драмска серија.
Од пред две години се снима римејк на „Династија“, но серијата има многу помал успех од оригиналната серија.