Се продава куќата на Керингтон од „Династија“

Луксузната куќа на семејството Керингтон, од американската хит-серија „Династија“ се продава за 20 милиони долари. Куќата „Арден вила“ се наоѓа во Калифорнија, а во серијата беше претставена како куќа во Тексас. Изградена е во 1913 година, а има 10 спални, 11 купатила, винарница, соба за игри, базен и тениски терен.

Една од најпопуларните куќи во филмската индустрија се прикажуваше на ТВ-екраните девет години, од 1981 до 1989 година. Главните актери во серијата се стекнаа со светска слава, а самата серија во 1983 година доби „Златен глобус“ за најдобра драмска серија.

Од пред две години се снима римејк на „Династија“, но серијата има многу помал успех од оригиналната серија.

Scroll to Top