Српскиот фолк-пејач Ацо Пејовиќ се пофали дека најдобриот фудбалер за 2018 година, Лука Модриќ, го одвел на вечера во Мадрид. Тој објави слики од дружбата, на која бил и поранешниот фудбалер Предраг Мијатовиќ, а кој е долгогодишен пријател со двајцата.
„Големите луѓе секогаш се големи. И кога се на теренот и кога се во својот дом. А посебно се големи како пријатели“, напиша Пејовиќ на сликите со Мијатовиќ и Модриќ што ги сподели на „Инстаграм“.
Пејачот доби бројни коментари, а еден од нив е и од поранешниот капитен на хрватската репрезентација Дарио Срна, кој напиша „Браќа мои!“