Филип и Александра ги бројат деновите до пристигнувањето на бебето

Пејачката Александра Пријовиќ се очекува следниот месец да се породи, а нејзин пријател вели дека пејачката деновиве е на слатки маки ѝ ги брои деновите до пристигнувањето на бебето. Изворот вели дка пејачката со нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ донела одлука да се породи во приватна клиника.

Породувањето треба да се изврши по природен пат, а за истото двојката треба да платат 3000 евра.

„Александра на почетокот имаше желба да се породи во Америка, но се откажа откако лекарот кој ја надгледуваше нејзината бременост ѝ ги објасни ризиците. Бидејќи на пејачката по само неколку месеци и била констатирана високоризична бременост, Пријовиќ мораше да избегнува да патува. Исто така беше вклучена и хормонска терапија“, вели извор близок до пејачката.

Тој додава дека Пријовиќ се договорила со Филип пред да ја донесе одлуката за тоа во која клиниката да се породи.

„Бидејќи е јавна личност, не сакаше да се породи во државна болница. Парите се разбира не ѝ се проблем. Во приватната клиника ќе ја добие потребната нега, но и приватност“, вели изворот.

Александра исто така се посоветувала со многу жени, кои пред неа престојувале во таа клиника. Откако ги слушнала позитивните искуства, ја донела конечната одлука.

„Засега во план е Александра да се породи по природен пат, но доколку нешто тргне на лошо, не е исклучено да биде направен и царски рез. Доверена е во рацете на најдобрите специјалистии, а со неа на породувањето ќе биде ѝ нејзиниот сопруг Филип“, вели изворот.

Пејачката доби забрана да настапува и таа веќе неколку месеци не работи. Музиката како што вели Пријовиќ ѝ недостасува многу, па решила своите фанови да ги израдува со нова песна, која наскоро треба да ја заврши.

Со обожавателите на Инстаграм споделила и информација дека во студиото се случуваат нови работи, но, не ја открила песната ѝ кога планира да ја објави.

 

Scroll to Top