Тетовчанката Соња Магдевски е сопруга на Емилио Естевез, брат на контроверзниот актер Чарли Шин. Таа веќе со години е дел од популарното американско актерско семејство. Со својот сопруг Емилио живеат во Малибу, Калифорнија. Но Соња е далеку од холивудскиот живот. Македонката од Тетово во Америка прави вино, а од скоро и крафт-пиво. Заедно со Естевез поседуваат многу хектари плантажи каде што одгледуваат најквалитетно грозје. Сопственици се на винариницата „Каса Думез“ и на крафт-пиварницата „Бабис бир емпориум“.
Покрај тетовското, Магдевски има и ресенско потекло. По професија е магистер по новинарство, а како хоби го работи блогот „Малибу“. Нејзините фамилијарни бизниси, винарницата и крафт-пиварницата се прогласени за дел од најбрзорастечките бизниси во Америка.
Емилио и Соња се толку страствени љубители на виното, за што доказ е и нивниот прв состанок.
„На нашиот прв љубовен состанок јас копав дупки, а Соња садеше лозови гранки“, вели Естевез.
Во многу пригоди славното семејство се дружи со роднините на Соња од Македонија, а браќата Шин се големи обожаватели на македонска ракија и специјалитети. Тие дури и знаат по некоја пцост на македонски. Емилио, за разлика од Чарли Шин, е многу смирен и фамилијарен човек и тоа е она што ја натерало Соња да се заљуби во него на снимањето на филмот „Боби“ во 2006 година. Емилио пред бракот со Соња беше во брак со пејачката Пола Абдул, а кратко беше свршен и со Деми Мур. Тој има две деца од Кари Сејли. А од 2006 година е во брак со Соња.
Се зборува дека брачниот пар планира да го прошири својот бизнис и во Европа, а секако и во нашата држава, бидејќи поседуваме најповолни услови за одгледување грозје.