Правилна нега на кожата во зима

Заради студеното време и ветерот зимската нега на кожата може да трае и до април. Експертите велат дека ако се придржувате до неколку едноставни совети, вашата кожа ќе биде убава и нежна и во текот на најстудените денови.

Хидрирајте ја кожата

Пијте вода повеќе од вообичаеното за да ја хидрирате кожата и таа да биде еластична и мека во текот на целата година.

Користете креми за хидратација

Во текот на зимата користете похидратантни креми или ставајте и крема и хидратантен лосион. Тие ја прават кожата мека и нежна.

Избегнувајте хемиски сапуни

Антибактериските сапуни и производи за нега на кожата што содржат алкохол или се мизризливи, ги отстрануваат природните масти од кожата. Наместо тоа, користете сапуни на природна база.

Јадете повеќе зеленчук

Краставицата и целерот содржат многу вода – одлични се за хидратација на кожата. Конзумирајте повеќе портокалов и жолт зеленчук, како сладок компир, моркови, црвени пиперки и тиква, кои се одлични за кожата поради антиоксидантите и бета-каротинот што ги содржат.

Консумирајте Омега-3 масти

Ако дланките и прстите на рацете ви се суви, груби и дехидрирани, значи дека имате недостаток на омега-3 масти. Нив најмногу ги има во лососот, маслиновото масло и оревите.

 

Избегнувајте голема топлина

Капете се со млака, наместо со жешка вода. По туширањето секогаш намачкајте хидратантна крема или лосион на телото.

 

 

Ексфолирајте ја кожата

Телото со годините ја губи способноста да се регенерира и брзо да создава нови слоеви младешка кожа. Нежната ексфолијација ќе ги отстрани мртвите клетки од површината на кожата за на нивно место да дојде нова кожа. Барем еднаш неделно отстранувајте ги мртвите клетки и од лицето и од телото.

Scroll to Top