Мартина Рајиќ поранешанта Плејбој зајчица отлрила дека холивудскиот актер Џерард Батлер сакал да ги откупи нивните заеднички фотографии направени во еден ноќен клуб во Белград за 100.000 долари.
„Тоа се случи одамна. Бевме во кратка врска додека тој тука снимаше филм. Потоа останавме во контакт. Тогаш испадна голем скандал затоа што тогаш Батлер во тој период ја градеше кариерата. Батлер сè понуди да ги откупи фотографиите, но никој не сакаше да му ги даде, за никакви пари. Тој понуди дури и 100.000 долари. До некаде тоа го заниша нашиот однос. Мислеше дека јас ги пуштив фотографиите во јавност. А јас тогаш никој не познавав. Тогаш немав ни телефон со камера“, изјавила Мартина.
Мартина вели дека актерот бил многу фин, вистински господин и културен. Бил поинаков за разлика од ликовите кои ги глумел во филмовите.
„Во живо беше многу природен“, изјавила Мартина.