Извор близок до пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум вели дека двјацата сакаат да станат родители колку е можно побрзо. Познатата двојка се сврши на Денот на вљубените, а наскоро планира да направи и свадба.
„Во моментов свадбата и бебето им се приоритет. Кети сфати дека се чувствува сигурно покрај Орландо. Таа се чувствуваше многу лошо по раскинувањето со Расел Брендон, па тоа што повторно сака да се омажи претставува голема работа за неа. Нејзините пријатели и семејството се многу возбудени поради нив“, вели изворот за магазинот People.
Изворот додава дека Кети е подготвена некое време да жртвува од својата кариера за семејството. Кети во наредниот период ќе забави со проектите, снимањата на новите албуми и настапите.