Копилотот бил единствениот преживеан и се обидел да ги спаси патниците

Воздухопловниот експерт Кристин Негрони верува дека причина за падот на исчезнатиот малезиски авион MH370 бил дефект во електрониката што придонел за нагло паѓање на притисокот, што довело до недостиг на кислород.

Кристин објаснува дека копилтот на авионот, Фарик Абдул Хамид, бил единствениот кој останал жив од сите патници и членови на екипажот неколку часа пред леталото да се сруши во океанот.

„Мислам дека капетанот Захарие Ахмед Шах излегол од кабината на кратка пауза, а управувањето на авионот му го препуштил на Фарик Абдул Хамид. Бидејќи Фарик бил сам во кокпитот, мислам дека живеел значително подолго од останатите патници, затоа што тие имале кислород за само 15 минути и биле мртви пред авионот да падне во океанот“, изјавила Кристин.

Членовите на екипажот обично имаат резерви на кислород доволни за неколку часа, а Кристин верува дека пред падот на авионот, без кислород останал и Фарик, кој, според нејзино мислење, се обидел да ги спаси патниците и своите колеги.

„Мислам дека Захари во тие моменти правел пауза, веројатно бил во тоалет. Сметам дека доколку и двајцата биле во кокпитот, би успеале да го решат проблемот со декомпресијата, особено поради фактот што капетанот имал многу повеќе искуство во таа област“, изјавила Кристин.

Канадскиот истражител Лери Ванс, пак, има спротивно објаснување. Ванс минатата недела изјавил дека авионот бил намерно срушен од страна на пилотот и кокпилотот.

„Мислам дека станува збор за криминално дело, а не несреќа. Некој од нив двајца ја презел контролата над авионот и направил засекогаш да исчезне. Поради тоа го срушил авинот во дел од океанот каде што е речиси невозможно да биде пронајден“, изјавил Ванс.

Дел од експертите не се согласуваат со него и напоменуваат дека за таквата теорија не постојат доволно докази. Што се случило на летот MH370, и понатаму останува најголема мистерија во историјата на модерното воздухопловство. Авионот со 239 луѓе, кои летал од Куала Лумпур за Пекинг, исчезна на 8 март 2014 година.

Последниот контакт со контролата на летот ја остварил копилотот, и тоа нешто повеќе од половина час по полетувањето. Податоците што ги забележал сателитот откриле дека авионот продолжил да лета околу седум часа пред да остане без гориво.

Се претпоставува дека се срушил околу 1600 километри западно од Перт, но ниту една досегашна потрага не дала резултати.

 

Scroll to Top