(Фото) Српската естрада на комеморацијата на Шабан Шаулиќ

Семејството на починатиот српски пејач Шабан Шаулиќ заедно со голем број пријатели и колеги на кралот на народната музика денеска пристигнаа во Општината на град Белград, каде што ќе се одржи комеморацијата.

На комеморацијата се појавија сопругата на Шабан, со ќерките Илда и Санела, зетовите Бојан Вучковиќ и Бате Мирковиќ, внукот Лука Аџиќ. Семејството беше проидружено од пријателите, кумовите и членовите на поширокот семејство.

На комеморацијата стигнаа голем број српски музички ѕвезди меѓу кои и Цеца Ражнатовиќ, со нејзината сестра Лидија Оцоколиќ, Гоца Божиновска, Драгана Мирковиќ, Зорица Брунцлик, Кемиш, Жељко Јоксимовиќ, Сашо Поповиќ, Ана Бекута, Дамир Хандановиќ, Неда Украден и други.

Меѓу присутните беше и  министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

 

Scroll to Top