Италијанската актерка Моника Белучи за првпат во јавноста го покажа својот нов дечко. Белучи на Модната недела во Париз се појави во друштво на Николас Лефебр, млад уметник и сценограф.
Николас Лефебр, кој работел како поранешен француски модел, е 18 години помлад од Белучи, а актерката вели дека е во врска уште во пролетта 2017 година, но не сакала да го открие неговото име.
Ова е првпат јавноста да ја види Моника Белучи заедно со нејзиното ново момче, откако актерката се разведе од Винсент Касел во 2013 година. Познатата двојка беше заедно 14 години, а има и две ќерки.
Белучи во тој период изјави дека разделбата со Винсент ѝ паднала тешко во животот.