Семејството Живојиновиќ веднаш почнаа со славењето по повод раѓањето на бебето на пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиноиќ.
Српската пејачка се породи вчера и на свет го донесе Александар. Лекарскиот тим објави дека бебето тежи 2800 грама и дека заедно со неговата мајка се во одлична здравствена состојба.
Брена, Боба, Стефан и Виктор беа меѓу првите кои честитаа и преку социјалните мрежи упатија пораки на многу љубов и среќа.
„Ни стигна Александар. Радост, љубов и среќа. Честитки Александра и Филип“, напиша Лепа Брена на„ Инстаграм“.
Нејзиниот син Стефан се пофали како е горд што станал чичко. Тој објави фотографија со неговиот брат Виктор и Александра и Филип.
Виктор откри дел од атмосферата од породилиштето и додаде срце со името на Александар.
И Александра се огласи преку социјалните мрежи, објавувајќи дека таа и Филип станале родители.