За македонската традиционална песна „Македонско девојче“ дознаа и домородците од Африка. Видеото како африканските деца ја пејат песната го објави на „Фејсбук“ Билјана Јуруковски.
Билјана ги учи децата од племето Сурма и заедно со нив ја пееше песната.
„Еве како ја пееме ‘Македонско девојче’, на гости кај Сурма, со дoмopoднитe луѓе на границата помеѓу Етиопија и Јужен Судан“, напишала Билјана на видеото кое го објавила на Фејсбук.
„Браво Билјана“, „Билјана за амбасадор на Македонија“, „Секоја чест“, „Ова е доказ дека за македонската музика не постојат граници“, се само некои од големиот број коментари на обожавателите.