Театар Комедија денес слави седум години постоење. Родеденот на театарот е во истиот ден кога е и Светскиот ден на театарот, кој се облежеува денес.
Седмиот роденден е скромен, но богат јубилеј на театарот, кој во текот на изминативе години прикажа 27 премиери. Беа забележани голем број гостувања низ државава и во странство, освојувајќи значајни фестивалски награди, и е театар со најголем број посетители.
По повод роденденот Театар Комедија ќе ја прикаже претставата ,,Не сега драга”, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети како донација за Детската клиника Козле.