Словачка за прв пат во својата историја по осамостојувањето во 1993 година доби жена за претседател. Граѓаните на претседателските избори ја изгласаа адвокатаката и активистка за заштита на животната средина, Зузана Чапутова.
Таа за победата доби букет цвеќе од нејзиниот противкандидат Марош Шефчевиќ.
„Ѝ испраќам букет цвеќе на госпоѓата Зузана Чапутова. Честитки за победата на изборите и желба да биде достоен претседател на Словачка“, изјави Шефчевич.
Во вториот круг Чапутова добила поддршката од 58 отсто од граѓаните, за разлика од Шефчевиќ кој добил 41% од гласовите.