Александра и Филип за новиот дом потрошиле половина милион евра

Српската пејачка Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ живеат во населба Бежанијска коса во Белград во која престојуваат речиси сите нивни колеги од естрадата.

Покрај тоа што се во близина на Брена и Боба, кои им помагаат во првите денови од родителството, први комшии им се и Илда Шуалиќ, Ацо Пејовиќ, Нада Обриќ, Кеба и Драган Стојковиќ Босанац.

Сите комшии имаат само пофални зборови за Алексадра и Филип. Велат дека ги гледаат секој ден кога ќе прошетаат низ населбата, а еден од нив кој што е подолг период во населбата открива дека двојката потрошила околу половина милион евра за новата куќа.

„Филип го знам од раѓање, затоа што тука живеам речиси половина век“, вели еден комшија кој открива дека двојката за новиот дом потрошиле 530.000 евра.

„Филип и Александра ја купија куќата од градежник, кој пак ја купи од првиот газда. Во тие моменти на првиот сопственик му беа потребни пари, па брзаше со продажбата и куќата ја продаде под пазарната цена, за околу 200.000 евра. Новиот газда по само два месеци реновирање, им ја продаде на Александар и Филип за 530.000 евра. Таа куќа е преголема, но тука куќите се изградени на брдо, па никој од нас нема целосна приватност. Единствена маана се скалите на куќите кои се поврзуват со горните катови, а се изградени од надвор. Комшиите на Филип и Александра, кога ќе се качат на горниот спрат можат да им видат во дневната и спалната соба“, вели комшијата.

 

 

Scroll to Top