Католичките свештеници од Полска, запалиле голем број на книги за кои сметале дека се сквернавење. Меѓу книгите се нашле и детските романи за Хари Потер.
Свештениците сметале дека книгите за популарниот млад волшебник од филмските платноа и тв екраните треба да се осудат, пишува „Би-Би-Си“.
Религиозната група „Фондација СМС од Небо“, објавила на Фејсбук фотографии од палењето на книгите и ги правдала сите библиски наводи кои ги осудувала магијата и волшебството.
Групата функционира преку испраќање на христијански пораки преку СМС.
„Црквата се наоѓа во Гдањск, а се работи за Свети Девица Мајка и Свети Катарина Шведска“, тврди весникот „Дјеник Журнал“.