Српскиот водител Милан Калиниќ би можел да се соочи со затворска казна од 30 дена до 60 дена, поради тепачката која ја имал со поранешниот функционер на Црвена ѕвезда и локален политичар, Далибор Крковиќ.
Ако се применува Законот за спречување на насилство на спортските терени, Милан Калиниќ би требало да одговара за претепување на лицето Далибор Крковиќ, пишваат српските медиуми.
Во тепачката се вклучил и Марко Павловиќ, директорот за маркетинг на тимот на Црвена ѕвезда. Сведоци велат дека прво слушнале навреди, кои на крајот кулминирале со тепачка. Прво Крковиќ го удрил Павловиќ, а потоа Калиниќ ги изгубил нервите и брутално почнал да се пресметува со Крковиќ, велат сведоците.
Крковиќ крвав ја напуштил салата, додека Калиниќ продолжил да навива и да го следи мечот до крај. Инцидентот предизвикал голема полемика на социјалните мрежи, а голем број од твитерџиите ги осудија учесниците.
„Браво господа. Каков пример им дадовте на младината. На децата кои беа покрај кошаркарите на Црвена ѕвезда, а се задолжени за бришење на паркетот. Какви манири. Точно е дека местото ви е во првиот ред, но не во сала, туку во затвор“, бил еден од коментарите на социјалните мрежи.
(Видео) Милан Калиниќ се степа со навивач на „Црвена ѕвезда“
Извор:Курир.рс