Откриена шемата на најголемиот макро на српската естрада, меѓу клиентите и познат политичар

Лицето Михајло Максимовиќ од Белград е уапсен откако во неговиот лапотоп се пронајдени табели со имиња на познати личности, но и список на старлети, стилистки, правници и манекенки кои на своите клиентите им давале сексуални услуги за пари.

Максимовиќ повторно е уапсен поради сомнение дека елитните проститутки, меѓу кои има и познати личности, ги нудел на богати клиенти за давање на сексуални услуги.

Како што открива српски „Курир“, Максимовиќ е уапсен на крајот на февруари во својот стан во Белград. На неговиот списокот во кои имало повеќе од 300 клиенти, пронајдено е име на еден политичар, кој со години бил на валст, но и поранешен кошаркар кој играл и во НБА лигата.

Уапсен е и братот на Максимовиќ, лицето Душан М. од кого се одземени мобилен телефон и два лапотопа во кои се најдени прецизни евиденции, уредни табели, имињата на жените кои давале сексуални услуги и самите клиенти.

Во документите кои ги воделе макроата, се наведени и патувањата и имињата на хотелите во кои се состанувале.  Изворот наведува дека освен овие двајца, на списокот на муштерии има и криминалци, фудбалери, пилоти, но и платени убици.

Според изворот за Максимовиќ работеле дваесетина девојки, меѓу кои и старлетата Милица Живоиновиќ, позната како Мими Оро, плејбој зајчицата Божана Вујиновиќ, каки и ријалити учесничката Наташа Шавија.

„Постои каталог со имиња на девојки со нивни карактеристики, според кои клиентите го одбирале тоа што им одговара. Девојките не биле изнајмувани само во Србија, туку биле испраќани и на договорени состаноци со клиенти во странство, а за услугите добивале и по 10.000 евра“, вели изворот.

Кралот на елитната проституција, како што вели изворот, повторно паднал во рацете на полицијата, откако од Кипар, на крајот на февруари, слетал во Белград. Клопчето почнало да се одмотува кога три девојки кои работеле за него биле уапсени во јануари, во хотел во Белград заедно со турски државјани.

„Турските државјани веднаш признале дека ги изнајмиле и ги платиле девојките. Се испоставило дека и тие работат за прочуениот макро Максимовиќ, кој во тоа време не бил во земјата, туку во Кипар. Но, веднаш откако се вратил во Србија, тој бил уапсен“, открива изворот и додава дека Максимовиќ и понатаму е во притвор и дека како и неговиот брат, се сомничи за трговија со луѓе.

Истражителите се сомневаат дека Максимовиќ, кој поради посредување во проституција е уапсен и во 2015 година, никогаш не престанал да се занимава со оваа работа. По истрагата признал дека е виновен и бил условно осуден за посредување во проституција, додека Мими Оро и Божана Вујиновиќ исто така имаат прекршчни казни.

 

 

Scroll to Top