Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Аргентинецот Диего Армандо Марадона, на својот официјален профил на „Фејсбук“, сподели заедничка фотографија од него и бразилскиот фудбалски магионичар Пеле.
Марадона фотографијата ја споделил по повод нарушената здравствена состојба на Бразилецот и напиша дека му посакува брзо опоравување.
„Денеска оваа фотографија наполни 40 години. Беше направена во Рио де Жанеиро, кога се сретнавме. Колку бевме млади само. Ти посакувам брзо опоравување кралу Пеле и многу сила“, напиша Марадона под фотографијата.
Седумдесет и осум годишниот Бразилец на почетокот на април на состанок во Париз се почувствувал лошо и бил хоспитализиран во болница.