Директорот на „Ѕвездите на Гранд“ Саша Поповиќ вели дека никогаш не би дозволил неговата ќерка Александра да учествува во шоуто. Поповиќ одговорил на прашањето на една госпоѓа за тоа како тој би ја оценил неговата ќерка кога би учествувала во шоуто.
„Кажете ми како вие би го оцениле вашето дете?“, го запрашала госпоѓата Поповиќ.
„Па се разбира со највисока оценка. Но, јас мојата ќерка никогаш не би ѝ дозволил да се натпреварува во ова шоу. Ние се грижиме на најдобар можен начин со нашите пејачи, но мојата ќерка да минува низ сето ова, па она што допрва следи. Тоа не би го дозволил никогаш“, изјавил директорот на „Гранд“.
Поповиќ пред неколку години изјавил дека не сакал да ја види ќерка му Александра да тргне по неговиот или патот на неговата сопруга. Поповиќ вели дека секогаш се обидувал да и објасни дека тоа не е за неа.