Некогашната прва дама на Америка Мишел Обама на јавен настан во O2 арената во Лондон, пред публика од 15.000 луѓе, отворено зборуваше за нејзината прва средба со британската кралица Елизабета II, за која вели дека поминала катастрофално.
Мишел откри дека во моментот на запознавање таа случајно го прекршила кралскиот протокол, ставајќи ја раката на кралицата. Британските медиуми ваквиот потег го протолкуваа како крајно понижувачки, затоа што каков било добир со кралското семејство се смета за едно од најголемите табуа поврзани со британската монархија.
„Жал ми е. Од тогаш научив да ги држам рацете позади грбот“, изјавила Мишел пред собраниот народ во арената, на промоцијата на својата автобиографска книга.
Кралицата во време на фотографирањето ѝ се доближила на Мишел и ја ставила раката на нејзиниот грб. Мишел претходно изјавила дека кралицата ѝ се отворила говорејќи и дека кралските протоколи се ѓубре и дека единствените луѓе кои ги сфаќаат сериозно се персоналот вработен во палатата.