Актерките од незаборавната серија „Пријатели“, Кортни Кокс и Лиса Кудроу, и понатаму останале блиски пријателки исто како и пред 10 години, кога ги глумеле ликовите на Моника и Фиби. И двете велат дека уживаат во заедничкото дружење.
„Сабота е вечер со пријателката“, напишала Кортни во описот на фотографијата на која ја има прегрнато Лиса. Кудроу потоа објавила фотографија од нив двете без шминка со опис „Моите очи, моите очи“.
Обожавателите се потсетија на сцена од серијата „Пријатели“, кога Фиби за прв пат ја гледа Моника и Чендлер како разменуваат нежности.
Голем број од фановите напишаа дека во оваа одбрана екипа фали уште и Џенифер Анистон, која исто така вели дека е во одлични односи со своите пријателки од малите екрани.