Актерот Џејсон Момоа сакајќи да испрати јасна порака за зачувување на околината и пред сè океаните, реши да го промени својот имиџ и да ја избричи брадата пред целата јавност. Видеото актерот го објавил на „Инстаграм“.
Момоа објави кратко видео од сетот на неговиот нов филм Dune, во кое со бричењето симболично се прости од двете улоги кои му ја обележаа кариерата. Кал Дрого од серијата „Игра на престолот“ и прочуениот „Аквамен“.
„Збогум Дрого. Зборум Кари. Го правам ова за да ја известам јавноста како пластиката ја убива нашата планета. Го бричам овој ѕвер, време е за промени“, напишал Момоа на Инстаграм.
„Ајде заедно да направиме позитивни промени за доброто на нашата планета. Ајде да ги исчистиме океаните и земјата. Придружете ми се во ова патување. Ајде да преминеме на разградување на алуминиумот“, напиша Момоа.
Момоа досега поради неговиот див и бунтовнички имиџ беше признат како секс-симбол, но неговата целосна трансформација на изгледот ги изненади неговите фанови. Тие му порачаа дека без брада изгледа сосема поинаку.
Неговата долга и неуредена брада отсекогаш му биле заштитен знак, но по седум години Момоа вели дека решил да се ослободи од истата, во намерата да испрати порака до своите обожаватели. Во јануари годинава Момоа беше прогласен за најубав маж на целиот свет.