Најџел Которн, авторот на книгата „Викајте ме Дајана“, напишал за пеколот низ кој минала принцезата Дајана откако го родила принцот Вилијам.
Которн објавил се што му раскажала Дајана, за тоа дека немала сили да излезе од болницата пред собраниот народ. Дека нозете ужасно ја болеле и едвај одела. Дајана открила дека и било многу напорно да се смешка тие неколку минути додека го покажувала за првпат принцот Вилијам во јавност.
„Почнав да плачам веднаш откако автомобилот се оддалечи од фотографот“, изјавила Дајана.
Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, досега три пати стоела пред фотограферите и големиот собран народ пред болницата, покажувајќи ги своите три деца. Синот Џорџ го покажа само еден ден по породувањето, додека Шарлот и Луис ги покажа само неколку часа подоцна.
Тоа нема да биде случај со Меган Маркл, велат извори блиски до кралското семејство. Од таму велат дека Меган ќе се породи во тајност, а веста ќе ја споделат дури откако ќе прослават во кругот на семејството.