Три кафиња дневно може да спречат Паркинсонова болест, рак и коскени заболувања

Ако сте одлучни да се откажете од пиењето на кафиња, знајте дека тоа може да доведе до сериозни пореметувања во вашиот организам.

Еве како вашето тело ќе реагира, ако се одлучите за месец дена, престанете да пиете кафе.

1. Ќе изгубите килограми

Научниците откриле дека дневната доза на кофеин која се наоѓа во кафете, газираните пијалоци и чајот, може да го зголеми шеќерот во крвта за 10 проценти. Дури и ако не ставите млеко, шеќер или шлаг во кафето, овој напиток може да содржи и до 200 калории.

2. Ќе бидете постојано гладни

Кафето го намалува апетитот. Ако се одречете од кафето, редовно ќе доручкувате, што значи дека вашето тело ќе добива подобра енергија секое утро. Само погрижете се, секое утро да јадете солен оброк, а не слатки. Никогаш кофеинот не го менувајте со слатки, без разлика колку вашето тело тоа го бара од вас.

3. Ќе спиете подобро
Кога кофеинот ќе излезе од вашиот организам, ќе спиете без проблеми. Верувале или не, будењето ќе ви биде полесно.
4. Ќе имате главоболки
Класичната криза поради недостигот на стимуланс на кои телото е навикнато, ќе резултира со силна главоболка. Кога ќе престанете да пиете кафе, телото го лишувате од производство на адреналин, допамин, хормон кој ве држи буден. Наместо тоа, ќе произведува аденозин, хормон кој е одговорен за заморот.
5. Ќе се разболете
Кога ќе престанете да пиете кафе, ќе дојдете до моменти до депресија, раздразливост, главоболка, несоница, вртоглавица и симптоми на грип. Но, оваа криза ќе трае два дена, додека телото се исчисти целосно од кофеионот.
6. Поубава насмевка
Кафето е кисело, а неговата кисела PH вредност го уништува забниот глеѓ (надворешната обвивка).  Веднаш откако ќе престанете да пиете кафе, забите нема повеќе да ве болат, а вие ќе имате поубава насмевка.
7. Губите антиоксиданс
Кафето е еден од главните антиоксиданси. Бројните студии откриле дека пиењето на 3 филџани кафе дневно, ја спречува појавата на рак, Паркинсовата болест и разни болести на коските. Ако се откажете од кафете, конзумирајте повеќе чаеви, овошје и зеленчук.
8. Концентрацијата значително ќе ви се намали
Оние кои престанале да пијат кафе, забележале дека не можат да се концентрираат и дека се многу повеќе заморени. По недела дена, овие симптоми исчезнуваат.
9. Ќе дојде до забавување на метаболизмот
Кафето е познат диуретик. Недостатокот на утринско кафе може да доведе до запек. Тоа ќе го решите ако почесто вежбате и конзумирате повеќе вода.
10. Ќе бидете посмирени
Срцето нормално ќе ви работи, мозокот полека и темелно ќе ви работи. Ако со месеци чувствувате нервоза и забрзан пулс, можеби е време да се откажете од кафето.

 

 

Scroll to Top